Плитвички езера, Хрватска – најубавиот национален парк на Балканот

Националниот Парк Плитвички езера е ретка геолошка и хидролошка појава. Комплексот Плитвички езера е прогласен за национален парк уште на 8 април, 1949 година. Тој е најголем, најстар и најпосетен хрватски национален парк. 

Претставува шумски планински предел во кој се нанижани 16 мали и големи езера со кристално модрозелена боја. Езерата добиваат вода од бројните реки и потоци, и притоа се меѓусебно поврзани со скалести водопади и слапови.

Посебната географска положба и специфичните климатски услови придонеле за настанување на многу природни феномени како и богата биолошка разноликост. Горните езера на југ претежно се составени од доломити (руда), а долните езера на север од варовнички карпи.

Пространиот шумски комплекс, неописливата природна убави на на езерата и слаповите, богатата флора и фауна, планинскиот воздух, контрастите на боите кои меѓусебно се прелеваат, шумските стази, дрвените мостови и уште многу други работи кои се дел од неповторливата целина која и УНЕСКО ја прогласи за светски природен национален парк уште во 1979 година е сеуште меѓу првите во светот.

Климата во националниот парк е умерено планинска. Првиот обид за да стане туристичка дестинација и да се развие туризмот во Плитвичките езера потекнува уште од 1861 година.

Веќе во 2011 година, Плитвичките езера биле посетени од повеќе од милион посетители кои за прв пат дошле и ја слушнале историјата за езерата како и за самиот национален парк. Бидете и вие дел од нив. Навистина нема да зажалите.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: