МЗТ, Игокеа, Цедевита и Партизан со максимален ефект во АБА лигата

Loading...

 

Комплетирано е второто коло во регионалната АБА лига, екипата на МЗТ со победата над Широки, заедно се Партизан, Цедевита и Игокеа се наоѓа меѓу тимовите кои имаат максимален ефект.

МЗТ, во средата, на домашен терен, потешко од очекувањата го победи Широки со 63:59. 

Цедевита втората победа ја забележа над Раднички од Крагуевац, хрватскиот преставник предводен од Вајт (12 поени) и Мијатовиќ (10 поени) забележа убедлива победа од 86:68. 

Игокеа беше подобра од Будуќност со 70:61, Јоровиќ со 16 и Едвардс со 15 поени беа најефикасни кај Игокеа. Кај Будуќност екипа која е следниот противник на МЗТ се истакнаа Поповиќ со 16 и Михаиловиќ со 14 поени. 

Партизан без суспендираниот тренер Вујошевиќ лесно се справи со Крка, победувајќи со 79:60. 

Дебитантот во АБА лигата, унгарскиот Солнок ја запиша првата победа во ова натпреварување, откако со 75:71 триумфираше над Цибона. Ден претходно Олимпија го совлада Сплит со 82:73, а Задар ја декласира Црвена звезда со 98:81.

 

Макфакс

loading...
Loading...