Фатени над 20-тина арапски имигранти во Албанија

Граничната полиција на Албанија во средата попладне пронајде над 20-тина имигранти од арапските земји на зелената линија меѓу Грција и Албанија. 

Полицијата во албанскиот град Ѓирокастро информираше дека имигрантите од Сирија, Пакистан, Авганистан и други арапски земји, влегле илегално во Грција, а нивна крајна дестинација биле земјите од ЕУ.

Истите извори јавија дека Албанија деновиве ја зголемува контролата во јужниот дел на границата каде што често, државјани од арапските земји илегално влегуваат во Албанија. Минатата недела беа фатени над десетина имигранти.

Тирана 04.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: