Денес е националниот ден на поезијата 2012, кој веќе деветнаесет години се случува во Англија на 04 Октомври. Темата за оваа година е Ѕвезди – Stars, а на истиот настан се пријавени неколку манифестации на кои ќе се рецитира поезија од оние кои учествувале на конкурсот и наградените, како и поезија од секој кој сака да се вклучи во овој национален ден во кој се слави поезијата. Најразлични концерти, изложби, алтернативни рецитали, квизови.. шаренолики настани ја прават оваа програма интересна за поетите и поетските организации. Целта на овој ден е да ја доближи поезијата до секој од нас и да направи поезијата да е наше секојдневие.
Националниот ден на поезијата е кампања за поетите, љубителите на поезијата и поетските организации да уживаат и да учествуваат во настаните кои се одржуваат секоја година во првиот четврток од октомври.
Поезија ни помага да запаметиме приказни и да се сеќаваме на нив, од Џек и Џил се до Одисејата. Децата сакаат рими и ритмика, но поезијата исто така помага да се подобри писменоста, во артикулирањето на една приказна или аргумент, да дава заклучок или да го подигне моралот.
Темата за Националниот ден на поезијата 2012 година е ‘Ѕвезди’. Ќе има листа на песни поврзани со темата “Ѕвезда” кои ќе бидат отворени онлајн за читање во делот ‘ресурси’ на веб-сајтот на организацијата заедно со образовни ресурси.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.