Новата сезона ја одбележуваат цветни мирисни ноти. Сите водечки модни куќи, од Channel до Valentino, своите цветни креации ги дизајнираа со цел да не стоплат во ладните денови кои следуваат и да не потсетуваат на убавата пролет.
За отмените дами:
Coco Noir e најновата мирисна креација на модната куќа Channel, инспирирана од Coco Channel и нејзиниот живот во Венеција. Мирисот е со отворена нота на цитрусно овошје, интензивен мирис на јасмин, есенција на рози и нарциси. Во основат се наоѓаат топли и богати мириси на бразилска тонка, бурбон ванила, темјан и бел мошус.
Boss Nuit pour femme одушевува со софистицирана композиција, а неговото заштитно лице е Gwyneth Paltrow. Мирисот е точно како Gwyneth, секси и провокативен а сепак софистициран. Во неговиот мирис се забележуваат ноти на праска и садаловина, а во срцето на мирисот се крие љубичица, бело цвеќе и јасмин.
За класичните девојки:
Lancome La vie est belle kako заштитно лице ја имаат фантастичната Julia Roberts, а во неговото шишенце се крие гурманска композиција црна рибизла и крушка,ирис, јасмин, портокал, пачули, бразилска тонка и ванила.
Од модната куќа на Valentino ни пристигнува Valentino Assoluto, мирис кој е многу заводлив и адекватен за оригинални вечерни излегувања. Јаките мириси на праска, бергамот и тартуф, кои совршено се склопуваат со мирисот на тубероза, јасмин и ванила и пачули.
Мириси за гламурозни вечерни излегувања:
Модната куќа Gucci лансираше мала луксузна композиција- Gucci Premiere чие заштитно лице е Blake Lively, а самиот мирис одушевува со топли ноти на бергамот и цвет од портокал и нарцис. Спаковано е во златно паковање, кое ќе го краси вашето тоалетно орманче, налик скапоцен накит или луксузна скулптура.
Mademoiselle Ricci Nine Ricci gkdf веќе на прв поглед освојува со својот фантастичен дизајн и капак во форма на огромна машна. Неговиот мирис се состои од ноти на роза, црвен папар, олеандер, ловор и дива ружа. Основата се состои од ноти на бело дрво и мошус.
За романтичните девојки:
Escadina Especially Escada Delicate Notes се чини дека е креирано специјално за романтични девојки. Лесната верзија на Especially Escada е креирана со грејп, јапонска роза и крушка во главните ноти. Срцето на мирисот е составено од акорада ружа, иланг-иланг, светло дрво и мошус.
Moshino Pink Bouquet претставува цветно овошен мирис во шишенце во форма на срце. Парфемот воодушевува со неверојатна комбинација на ананас и малина, бергамот. Во срцето на мирисот се наоѓаат ноти на јасмин, љубичица, божур, праска и мошус.
Разиграни мириси за оние кои знаат што сакаат:
Jousy Couture го лансираше парфемот Viva la Juicy Le Fleur, мирис кој го буди малото девојче во вас. Разиграните ноти на мандарина, црвена рибизла се спојуваат со мирисите на гарденија и јасмин. Како траг оставаат мириси на ванила, карамела и сандалово дрво.
Guerlainova La Petite Robe Noire е ода во мало црно пакување. Црна цреша комбинирана со бадем, бобици и бергамот. Следи комбинација на драгоцена и експлозивна мешавина на бугарска ружа и присуство на меки тонови на турска ружа apsolute. Нотите на црн чај и анис го даваат крајниот ефект, кој ви дава чувство на силна племенитост и заводливост.
Пронајдете не на следниве мрежи: