Нова колекција на Adidas Originals

Adidas Originals ви ја претставува новата колекција есен/зима 2012, која изобилува со возбудлива и иновативна колекција на streetwear гардероба и патики. Еклектичниот Originals стил, ги спојува спортската облека и модерната сигурно ќе ги воодушеви своите верни купувачи. Во оваа колекција особено се издвојува стилот инспириран од студентскиот живот, маици во разни бои и принтови, како и патики кои го оживуваат ретро стилот на Adidas. Oваа колекција интегрира и со зимско расположение и облека која со материјал идеален за зимските условите кои ни претстојат. Женската и машката колекција за есен/зима 2012 е акцентот го става на шминкерско студентскиот стил. Удобни машки јакни, црно-бели и кафеаво-сини мотиви, како и маици со качулки ќе ги освојат сите млади особено оние кои го имаат тој стил на облекување. Оваа сезона Adidas Originals е инспириран од елитните школи во Америка, како што се Ivy League, па таквите принтеви се појавуваат на фустани, маици и џемпери. Освен студентскиот 'look'  во оваа колекција Adidas Originals креираше и елегантни глам-рок модели, а црните хеланки и белата маица во В-израз ќе ги воодушеви сите обожаватели на Adidas асортиманот. Инспирирани со маратонците од 70тите години, Adidas Originals комбинирајќи ги ретро моделите со 'браниците' за прстите со модерни лила и сини мотиви, наликуваат на спортски патики за кошаркарски терен…Квалитетната кожа и истакнатото адидас лого, се заштитен знак за оваа колекција. Adidas, овој пат креираше патики кои ќе им се допаднат на сите девојки кои се облекуваат во 'streetstyle', лесни се и удобни за носење. Забележлив е нивниот современ и модерен дизајн како и класичниот adidas look. Гардеробата со трите коси линии, сигурно ќе најдат место во гардероберот на љубитељите на модата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                          

Пронајдете не на следниве мрежи: