Валас ја прекина пензијата, потпиша со Никси

 

НБА тимот, Њујорк Никс се засили со крилниот центар Рашид Валас, кој на терените ќе се врати по пауза од вде години. 38-годишниот кошаркар, последен пат во НБА лигата настапуваше за Бостон Селтикс во сезоната 2009/2010.

Валас зад себе ина 15 сезони во најсилната кошаркарска лига на светот, во просек, во кариерата има 14,6 поени и 6,7 скока по натпревар. 

Четирикратниот Ол стар играч беше еден од клучните играчи на Детроит Пистонс кога оваа екипа во 2004 година ја освои шампионската титула. 

Валас во Њујорк ја комплетира поставата на ветерани, покрај него во тимот се Џејсон Кид 39 години, Пабло Приџони (35), Маркус Кемби (38) и Курт Томас (40). 

Со овое петмина Њујорк го има најстариот тим во историјата на лигата, играчите во ростерот на Никси имаат 32 години и 240 дена.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: