Барокот – тренд за оваа есен и зима

Еден од најраскошните правци низ историјата – барокот, конечно се всели и на модните писти. За оваа есен и зима важи правилото – колку повеќе, толку подобро! Со својот луксуз, отменост но и упадливост, екстравагандност, и шаренилоста и богатството од материјали и кроеви, со секакви принтови, детали и накит, барокот едноставно освојува! Пионир во внесувањето на барокот во модниот свет беше Версаче, уште во осумдесетите години на минатиот век, со своите animal prints и тешкиот накит. По тој бум, може да се каже дека овој стил и правец на кратко го снема, за полека да се врати летово преку големите очила за сонце и конечно оваа сезона да влезе на голема врата! Dolce & Gabbana му посветија цела колекција за есен/зима 2012/2013 и го означија како must have варијанта. Главната одлика на овој стил е бескрајната слобода во комбинирањето и играшето со модата, но со доза умереност, бидејќи барокот многу лесно може да премине во кич. За оваа сезона ви препорачуваме да го следите овој тренд преку палтата и сакоата или преку барокните здолништа, искомбинирани исклучително со црни хулахипки, потпетици и топ. Единствено накитот може да остане голем. Барокот многу добро изгледа и на модните детали, така да, чанта, марама или чевли со ваков дезен и принт ќе ве лансираат директно во трендовите. За похрабрите тука се и панталоните со барок принт, кои се тешки за комбинирање но ако се носта правилно, можат да донесат многу воодушевувања на ваша сметка. Уживајте во црната и златната боја и женствените кроеви што ви се нудат оваа есен токму преку барокот!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: