Лесна торта со овошен јогурт

3 готови кори за торта
400 мл овошен јогурт (од малини или јагоди)
400 мл слатка павлака
200 г чоколаден крем
200 г смрзнати малини или јагоди
50 мл сок од портокал
20 г желатин
Во сад измешајте го желатинот со 8 лажици студена вода и оставете да набабри 10 минути. На тивок оган мешајќи со лажица загревајте додека желатинот не се растопи.
Од одмрзнатото овошје и овошниот јогурт измешајте фил. Во друг сад со миксер изматете ја слатката павлака.
Во тркалезен калап за торта ставете ја првата кора. Прво премачкајте со чоколаден крем, потоа со изматена павлака и на крај со овошниот фил. Истата постапка повторете ја со втората кора и прекријте со третата кора.
Пропрскајте ја со сокот од портокал и ставете ја тортата во фрижидер добро да стегне. Украсете по желба, изладете и исечете на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.