Претежно сончево време, а за викендот…

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а ќе дува умерен повремено и засилен ветер од североисточен правец. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 25 до 31 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 6.
За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе преовладува стабилно и топло време. Температурата викендов ќе се движи од 26 до 32, а во понеделник од 27 до 33 степени. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 25 до 31 степен.

Пронајдете не на следниве мрежи: