Опуштеноста и удобноста која се крие зад широките парчиња облека е нешто непроценливо, а во последниве години прерасна во главен тренд за секоја сезона.
За дневните и вечерни изданија вреди да имате 3 oversized парчиња облека, кои треба да ги купите во поголем број (или два) отколку што носите.
Маички со кратки ракави
Кога ќе ги пикнете во фармерки, здолниште или шорцеви, ќе добиете фантастичен ефект.
Бела кошула
Исто така, кога ќе ја стегнете со ремен околу струкот или ќе ја ставите во тесните панталони, добивате моден погодок.
Џемпери и плетени наметки
Џемперите и наметките во последно време се носат во минимум два броја поголеми. Комбинирајте со тесни здолништа и пантолани.