3 грешки кои ги правиме кога пржиме омлет! Славниот готвач откри како да го направите совршен!

Во неговата нова книга, готвачот нагласува колку е важно омлетот да се направи со вистинските состојки. Во продолжение дознајте кои грешки често ги правиме кај пржењето омлет и како да ги поправиме.
Го пржиме омлетот на силен оган
Иако звучи примамливо брзо да го испржиме омлетот на што е можно повисока температура, Маркус советува сепак тоа да го направиме на тивок оган. Ставете го садот на плочата која е загреана со средна температура.
„Ако тавата е премногу загреана, омлетот ќе стане кафен“, предупредува готвачот и препорачува во тавата да ставиме лажица путер и да го оставиме да се растопи и да прими боја пред да ги додадеме јајцата.


Користење на погрешен прибор
„За совршен омлет потребни се четири клучни работи – свежи јајца, путер, тава на која ништо не се лепи и шпатула“, пишува Маркус во својата книга.
Верувале или не, тавата и шпатулата се еднакво важни како и самата смеса. Наместо јајцата да ги ставиме во било која тава и да направиме омлет со вилушка, шпатулата е поедноставна за употреба, бидејќи спречува распаѓање на омлетот, а исправно тавче значи и да е рамномерно за печење.
„Смесата за јајца нежно поместете ја со шпатула, немојте да мешате. Потоа, тавчето со нелепливо дно исто така ќе го олесни правењето на омлет кога ќе го вртите на другата страна, бидејќи на тој начин спречувате распаѓање на омлетот на парчиња“, советува тој.
Прерано го превртуваме омлетот
Готвачот инсистира на тоа да се спротиставите на искушението да го свртите омлетот само кога од едната страна речиси во целост е испржен.
„Вистински момент за превртување на омлетот е кога смесата ќе стане едно, но уште е по малку течна. Ако не го свртите омлетот во оваа клучна фаза, тогаш омлетот ќе почне да се пече одоздола, ќе стане гумен и ќе пукне кога ќе го преклопите.
Дополнителни совети
– колку се јајцата и маслото посвежи, тоа е подобро
– употребете тавче со нелепливо дно за да бидете сигурни дека омлетот еднакво се пржи
– превртување на омлетот со шпатула ќе спрчи негово распаѓање
– омлетот пржете го на среден оган за да спречите создавање на кафена боја
– свртете го само кога омлетот од едната страна речиси во целост е испржен, но уште е малку течен
– извадете го омлетот од тавата штом го преклопите

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.