3 модели на блузи што ќе ја одбележат оваа сезона

Нема сомнеж дека класичните црни и бели блузи се неизбежен дел од шкафот на секоја девојка, бидејќи лесно се комбинираат, практични се и соодветни за сите видови настани. Но, одвреме-навреме, трендовите нè тераат да излеземе малку од удобната зона и да експериментираме со нешто сосема ново. Тоа е и причината поради која многу девојки во текот на есента ќе бидат инспирирани од ретро и викторијанска естетика, како и од асиметрични кроеви. Во продолжение погледнете ги блузите што ќе бидат најголем хит за есенската сезона, и кои сигурно едвај ќе чекате да ги облечете на себе.
1. Женствена блуза


Розовата блуза со машна околу вратот е женствено и романтично парче што можете да го комбинирате за секоја прилика. Наш предлог е да го носите со сако на коцки.
2. Асиментричен дизајн


Црно-белите линии се наоѓаат на скоро сите есенски парчиња облека, но разликата со претходните сезони е што сега се наоѓаат на асиметрични кроеви.
3. Блуза на преклоп


Еден од најголемите фаворити за оваа сезона се токму блузите на преклоп. Овие модели се практични и може да се комбинираат за сите настани, од дневни до вечерни комбинации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.