3 најдобри домашни маски за лице со банана

Маската за лице од банана е позната по своето лековито дејство на кожата. Испробајте ги маските со банана и уверете се зошто се повеќе природни маски го вклучуваат ова јужно овошје.

Фактот што ова овошје е многу популарно е тоа што изобилува со голема количина на витамин Ц. Банана го надокнадува и потребниот внес на витаминот Е. Покрај витамините во бананата има и многу минерали, доминираат калиумот и магнезиумот, а има и калциум, фосфор, цинк, селен. И токму поради овие состојки не е чудно зошто маската за лице со банана е помеѓу омилените.

Маска за лице од банана и млеко

Маската од банана и млеко е одлично решение за уморна кожа без сјај.

Доколку имате блендер за момент ќе ви биде готова вашата хранлива маска за лице. Измешајте половина чаша млеко од 2 дл со една цела банана. Изблендирајте и тоа е се.

Нанесете ја на целата површина на лицето. Слободно искористете ја и за нега на вратот и деколтето. Доволно е нежна и за пределот околу очите, бидејќи освежува и ја храни вашата кожа. Маската на вашето лице нека остане се додека не ви потемне бананата, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Маска за лице од банана и јогурт

Оваа маска се препорачува за исклучително сува кожа. Одлична е за нега на кожата  во текот топлите и ладните денови.

Измешајте една претходно изгмечена банана со 2 лажици јогурт. Изедначете ги состојките и можете да ги нанесете на вашето лице.

Маската делува благотворно на кожата и одма по нанесувањето ќе заприметите како го храни и освежува вашето лице.

Маската нека одстои на лицето барем половина час, за да може млечната киселина од јогуртот да делува и да ги отстрани мртвите клетки од површината на кожата. По отстранувањето на маската, ќе забележите дека кожата е полесна и генерално поубава.

Маска за лице од банана против брчки

Брчките околу очите се најнепријатен проблем за кожата. Претежно третманот се сведува на олеснување на овие први знаци на стареење.

Она што можат да го направат природните маски за лице е привремено да обезбедат затегнат ефект на лицето. Во овој случај најдобро е да комбинира банана со павлака. Измешајте половина чаша павлака со половина банана. Кога ги комбинирате павлаката и бананата, исцедете и неколку капки сок од лимон.

Маската нанесете ја на лицето со прстите и оставете ја барем петнаесет минути. По отстранувањето на маската, кожата на лицето ќе биде помрсна (поради киселата павлака) па нема да ви биде потребен навлажнувачки крем за лице.

Оваа маска е хранлива за вашата кожа , но не е во можност да ги избришите длабоките брчки. Не очекувајте магија со овој рецепт, сепак ефектот за смирување и намалување на брчките ќе биде видлив.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.