Нашето расположение и емоционалната состојба е тесно поврзана со исхраната и она што го внесуваме во телото секојдневно.
Па, ако чувствувате претпролетен замор, мала анксиозност или можеби депресијата полека ве совладува, вклучете ги овие 3 смути рецепти во вашето дневно мени.
Важно: Чиа семките, оревите, бананите, авокадото, бразилските ореви, спанаќот, овесните снегулки, како и семките од тиква се најдобрите состојки кои може да ги вклучите во исхраната за успешна победа над овие негативни состојби.
Прв рецепт: Зелено смути
Потребни состојки:
1 шолја листови спанаќ
1 банана
½ шолја капини
5-6 ореви
½ шолја овесни снегулки
1 шолја бадемово млеко
Сите состојки се мешаат во блендер додека не добиете кремаста смеса.
Втор рецепт: Зелено смути со цимет
Потребни сосотјки:
1 шолја спанаќ
½ авокадо
1 лажичка цимет
1 банана
1 лажица семки од тиква
1 шолја кокосова вода или млеко
Мед и овесни снегулки, по желба
Сите состојки се мешаат во блендер додека не добиете кремаста смеса.
Трет рецепт: Смути со јагоди
Потребни состојки:
½ шолја јогурт
1 голема банана
1 шолја јаготки
1 излупен портокал
1 шолја овесни снегулки
Мед по вкус
Сите состојки се мешаат во блендер додека не добиете кремаста смеса.