90-годишен јапонски мајстор за кенџутсу открива 3 совети за здравје и долговечност. Дознајте како да живеете исполнет живот во староста…
Тајната на долговечноста е она што многумина се обидуваат да го откријат. Во земјите каде што живеат најдолговечните луѓе, како што се „сините зони“, постојат одредени навики во исхраната, активноста и начинот на живот кои го продолжуваат животниот век. Долговечноста е комбинација од среќа, добра генетика и квалитетен однос кон животот.
Јапонците честопати се лидери во долговечноста и стареат бавно и благодатно, помалку се склони кон срцеви заболувања и проблеми со меморијата и остануваат витални долго време.
За нив, три главни точки од филозофијата на долговечноста се особено важни:
- Работна навика – Првата точка вели дека човекот треба да биде зафатен од утро до вечер, менувајќи ја физичката активност со менталниот тренинг. Иако можеби сте во пензија, тоа не ве спречува да бидете активни надвор, во градината, да шетате, да ги посетувате пријателите, да се дружите со вашите внуци. Активноста и ангажирањето на вашето тело и ум ќе ве направи поздрави на долг рок.
- Љубов – Вклучува добри односи со роднините и пријателите, ова е атмосфера на меѓусебно почитување , љубезност, учество и сочувство.
- Оптимизам – Позитивен став кој го подобрува вашето расположение и ве поттикнува да верувате дека работите ќе се подобрат и дека можете да најдете трага светлина во се што е негативно.
Американскиот весник за здравје објави интервју со 90-годишен мајстор на кенџутсу. Тој го носи мечот со иста умешност како и младите луѓе. Мајсторот ја откри својата тајна:
- Телото е храм, не треба да го сквернавите. Никогаш не прејадете! Напуштете ја масата пред да се чувствувате сити. Јадете мали оброци и само здрава храна. Во Јапонија им се допаѓа изреката: „Храната треба да биде ваш лек“. Стомакот треба да биде 80% полн. Само така можете да избегнете проблеми со дебелината и шеќерот во крвта. Треба да согорите повеќе калории отколку што консумирате.
- Мајсторот тренира секој ден. Станува во 5 сабајле, вежба, плива, многу оди. Во текот на денот тој се занимава со предавање техники на мечување со самурај, навечер чита книги, весници и решава логички проблеми. Ги подучува и помладите генерации. Друштвените игри што Јапонците ги играат со членовите на семејството и пријателите се многу чести. Овие игри ви овозможуваат да ја тренирате вашата меморија и да го одржувате умот чист.
- Мајсторот на кенџутсу објасни дека само целта нè тера да се разбудиме наутро и да се радуваме на денот што дошол. Најдете ја оваа цел, таа ќе ви даде енергија за нови достигнувања, ќе се чувствувате корисни за општеството. Јапонците се на мислење дека луѓето во старост не треба да бидат мрзливи, туку треба да го исполнат животот со смисла, да го искористат своето знаење и искуство и да уживаат во староста.