Ајверсон потпиша за Макаби Хаифа

 

Еден од најдобрите играчи во последната декада од 20-от век во НБА лигата, Алан Ајверсон потпиша договор со екипата на Макаби Хаифа.

Добитникот на признанието МВП во сезоната 2000/2001, некогашниот играч на Филаделфија, Денвер, Мемфис и Детроит, ќе одигра два натпревара за Макаби Хаифа на турнејата која израелскиот тим ќе ја има во САД. 

37-годишниот Ајверсон за екипата од Хаифа ќе игра против Далас и Минесота. 

Последен пат во НБА лигата, учесникот на 11 Ол стар натпревари, ја имаше во сезоната 2009/2010. Минатата сезона Ајверсон ја започна во дресот на турски Бешикташ, но во јануари поради операција го напушти клубот и се врати во САД. 

 

Макфакс

извор: sportklub.info

Пронајдете не на следниве мрежи: