Стартува претсезоната во НБА, Бостон ќе му гостува на Фенербахче

Loading...

 

Во петок стартува претсезоната во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА. До почетокот на сезоната тимовите од НБА лигата ќе одиграат вкупно 115 натпревари.

Фенербахче, чиј дрес од ова сезона го носи македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, во петок, ќе одигра натпревар против најтрофејниот клуб во НБА, Бостон Селтикс. 

НБА ѕвездите по Истанбул ќе се преселат во Милано, каде ќе одиграат натпревар против Армани. 

Во Европа од НБА тимовите ќе гостува и освојувачот на титулата во сезоната 2010/2011, Далас Маверикс. Далас, во сабота ќе игра против Алба во Берлин, а на 9. октомври Маверикс ќе гостуваат во Барселона. 

Од европските екипи на турнеја по Северна Америка ќе заминат Реал Мадрид и Монтепаски Сиена. Реал ќе одигра натпревари против Мемфис и Торонто, додека Монтепаски ќе се сретне со Сан Антонио и Кливленд.

 

Макфакс

loading...
Loading...