Лаванда бојата ќе биде апсолутен хит оваа есен

Виолетовата боја веќе неколку години наназад го зазема водечкото место, кога се во прашање актуелните бои за есен.
И оваа есен пастелните бои ќе бидат апсолутен хит, а на самиот врв се наоѓа лаванда бојата, која ќе ја носиме во сè, од капути, џемпери, панталони, па дури и омилените салонки.


Иако лаванда бојата совршено се комбинира со светли, но и со темни нијанси, најпопуларниот начин за носење оваа сезона е монохроматски изглед во лаванда боја. Таквиот изглед најдобро ќе го освежите со парчиња со светли бои, па затоа оваа есен бирајте светли аксесоари.


Лаванда бојата посебно е присутна на лелеави блузи и фустани, па оваа боја е идеален избор и за актуелната сезона на венчавки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.