Во Виена изложба на фотографии на Вим Вендерсе

Во Виена е отворена изложба на фотографии на германскиот режисер Вим Вендерс.

Во галеријата Ослихт ќе бидат изложени повеќе од 40 фотографии во голем формат – фотографии од снимања од почетокот на 80-те до денес, фотографии од приватниот живот, од патувањаta во САД, Австралија, Јапонија, Италија, Ерменија и Источна Германија.

Вим Вендерс, кој за филмовите користи најсовремена дигитална технологија, се определил за аналогни фотоапарати.

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.