Почнува објавувањето на имињата на лауреатите за Нобел

Почнува објавувањето на имињата на лауреатите за Нобел.

Во Стокхолм денеска овогодинешната сезона на Нобелови награди почнува со објавување на лауреатите за медицина.

Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, кој сакаше од неговиот фонд секоја година да се издвојуваат пари за придонес кон човештвото.

Нобел, во Париз 1895, една година пред смртта, во својот тестамент внесе желба да се основа Нобелов фонд од кој би се доделувале награди на најзаслужните.

Од камата на таа сума секоја година се издвојуваат пари за оние кои најмногу допринеле за човештвото.

По желба на Нобел, наградите се доделуваат во повеќе различни дисциплини: за достигнувања во областа на физиката, хемијата, физиологија и медицина, книжевност и мир.

Нобел (1833-1896) одредил институции кои ќе ги доделуваат наградите секоја година, меѓу кои и Шведската академија за книжевност, Институтот за каролинска медицина, Шведската кралска академија за физика и хемија, како и Одборот за мир, кој специјално го бира норвешкиот Парламент.

Научниците покрај медал добиваат и по 10.000.000 милиони шведски круни, а Нобеловите награди се доделуваат секоја година на 10 декември во Стокхолм, само таа за мир се доделува во Осло.

Превземено од макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: