петок, 13 ноември 2026
Најново

Моника Белучи на Кустендорф

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Моника Белучи ќе биде гостинка на 16.јануари на фестивалот Кустендорф во Дрвенград на Мокра Гора кај Емир Кустурица.

Режисерот Емир Кустурица изминатите години беше домаќин на многу гости од филмскиот свет меѓу кои се Џони Деп, Никита Михалков, Џим Џармуш и др.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сега на Кустендорф ќе дојде талентираната актерка Моника Белучи позната по атрактивниот изглед и природната убавина.

Познатата италијанска актерка е долгогодишна пријателка со режисерот Кустурица и многу ја почитува неговата работа.

На фестивалот ќе бидат прикажани најдобрите филмови на Моника Белучи која ќе оддржи работилница на студенти кои доаѓаат секоја година од целиот свет.
 

Поврзани вести