Познатиот академскиот сликар Мерсад Бербер почина синоќа во Загреб на 72 годишна возраст.
Изложбите на Мерсад Бербер беа видени од Лондон до Токио. Тоа е еден од најпознатите босански уметници. Својата прва самостојна изложба по дипломирањето во Љубљана, ја одржува во 1965 година.
Од тој момент почнува неговата успешна кариера. Бербер станува еден од најпознатите светски графички уметници. Добил над 50 награди од кои голем дел интернационални.
Во 1984 година Тејт галеријата во Лондон ги откупи неговите дела и неговото име влезе меѓу имињата на великаните на уметноста на овој музеј.
Пронајдете не на следниве мрежи: