петок, 13 ноември 2026
Најново

Почина познатиот академски сликар Мерсад Бербер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Познатиот академскиот сликар Мерсад Бербер почина синоќа во Загреб на 72 годишна возраст.

Изложбите на Мерсад Бербер беа видени од Лондон до Токио. Тоа е еден од најпознатите босански уметници. Својата прва самостојна изложба по дипломирањето во Љубљана, ја одржува во 1965 година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од тој момент почнува неговата успешна кариера. Бербер станува еден од најпознатите светски графички уметници. Добил над 50 награди од кои голем дел интернационални.

 Во 1984 година Тејт  галеријата во Лондон ги откупи неговите дела и неговото име влезе меѓу имињата на великаните на уметноста на овој музеј.

Поврзани вести