Околу 340.000 пензионери ќе го добијат божиќниот бонус пред празниците, соопшти министерот за социјала на Бугарија, Ивајло Иванов.
Преносот на дополнувањата на возрасните ќе се изврши на 19 декември.
100 лева ќе добијат пензионерите со приходи до прагот на сиромаштија.
„Единствениот критериум е пензијата и нејзините додатоци да не ја надминуваат оваа сума. (526 лева). Нема критериум за непримање други приходи, ануитети, кирии и слично, прецизираше министерот за социјала.
Одлуката за божиќните додатоци се очекува да биде изгласана во среда.





