Порази на Реал и Монтепаски на турнејата во САД

 

Екипите на Торонто Репторс и Кливленд Кавалирс, забележаа победи над опонентите од Европа, Реал Мадрид, односно Монтепаски Сиена, во претсезонските натпревари.

Торонто го победи Реал Мадрид со 102:95, најефикасни кај домаќинот беа Дерозен (18п. и 6 ск.), Лукас (16 п.), Барњани (14 п.) и Каледерон (12 п. и 8 ас.).

Црногорецот со шпански пасош Никола Миротиќ го предводеше Реал со ефект од 17 поени и 12 скока, два поени постигна Поциус, додека Љуљ и Фернандез уфрлија по 10 кошеви. 

Кливелнд го победи тимот на Монтепаски со 91:85. Самјуелс реализира 14, а поен помалку постигна Слоун. Кај Монтепаски се истакна Браун со 22 поени и 7 асистенции, а 21 кош реализира Џенинг.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: