Задар поразен од Крка, Игокеа победи во Крагуевац

 

Комплетирано е третото коло во регионалната кошаркарска лига. Задар загуби од Крка, додека Раднички на домашен терен е поразен од Игокеа.

Крка, максимално ја искористи предноста на домашниот терен во мечот со Задар забележувајќи убедлива победа од 78:62. 

Јаков Владовиќ со 16 поени ја предводеше екипата на Крка до победата, кај Задар Ромео Тревис и Марко Рамљак постигнаа по 13 поени. 

Раднички, во третото коло го забележа и третиот пораз, бодовите од Крагуевац ги однесе Игокеа, која забележа победа со 78:73. 

Јоровиќ со 15, односно Јоксимовиќ и Хемондс со по 14 поени беа најпрецизни кај Игокеа, единствената екипа која има три победи во првите три кола. Најефикасен играч на мечот беше Синовец кој за Раднички постигна 25 поени. 

Раднички Крагуевац ќе биде следниот противник на МЗТ, натпреварот од четвртото коло ќе се одигра во сабота во СЦ Борис Трајковски.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: