Барса убедлива против Далас

 

Во последниот натпревар помеѓу европски и американски тим во подготвителниот период, Барселона го совлада Далас со 99:85 921:19, 21:21, 32:16, 25:29).

Барса до победата над шампионот во НБА лигата од 2011 година стигна благодарение на фуриозната игра во третата четвртина. 

Каталонците на почетокот од третиот период со серија од 15:2 стигнаа до предност од 65:51. Далас во последната четвртина успеа да стигне до негатива од седум поени, но не и посериозно да му се закани на домаќинот. 

Пит Мајкл и Хуан Карлос Наваро со по 19 поени беа најпрецизни во редовите на Барселона. Кај Далaс се истакна Крис Кејман со 15 поени и 10 скока, поен помалку уфрли Дарен Колисон. 

Најдобриот играч на Далас, Дирк Новицки мечот го следеше од трибините.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: