Демонстрација на сексипил: Ирина Шајк во црвен мини фустан и воени чизми

Секако, на Ирина Шајк не и треба многу за да изгледа секси, но ние сакаме кога не потсетува колку и е лесно тоа.

Едноставен мини црвен фустан, јакна со дезен од мали црно-бели коцки и познатото лого на грбот од  „усните“ на Ролинг Стоунс, црни мартинки, чанта и очила за сонце.

Изгледа како оваа 34-годишната руска убавица да ги собрала првите неколку работи што ги пронашна во гардероберот во тој момент и излегла на прошетка низ улиците на Њујорк.

Всушност, нејзиниот стајлинг не е ништо посебно, но со такви тонирани нозе, завидна линија и тен, невозможно е, а да не се свртите по Ирина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.