Дачиќ: Подготвени сме за дијалог, но без признавање на Косово

Белград е подготвен за политички и технички дијалог со Приштина, но Србија не може да ги прифати условите кои би значеле признавање на независноста на Косово, изјави во средата српскиот премиер Ивица Дачиќ.

„Европскиот комесар за проширување Штефан филе ми кажа дека нема нови услови за продолжување на преговорите и членство на Србија во ЕУ и дека дијалогот, доколку Србија би учествувала во него, би бил статутно неутрален“, рече Дачиќ во Белград по денешната средба со Филе.

Дачиќ истакна дека очекува од ЕУ конструктивен однос и доволно разбирање за специфичните проблеми со кои Србија се соочува, како што е случајот со Косово.

Според српскиот премиер, во разговорот со Филе биле разјаснети позициите со цел да се избегнат различни толкувања.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: