Стартува новата сезона во Евролигата, Олимпијакос ја брани титулата

 

Во четврток стартува новата сезона во кошаркарска Евролига. титулата освоена минатата сезона ќе ја брани екипата на Олимпијакос, чии дрес и во новото првенство ќе го носи Перо Антиќ.

Покрај Антиќ, македонски репрезенти во елитното кошаркарско натпреварување ќе бидат Лестер Бо Мекејлеб (Фенербахче), Предраг Самарџиски (Лијетувас Ритас) и Владо Илиевски (Цедевита). 

Оваа сезона Евролигата ќе се игра по малку изменет формат, по првата фаза, по четири екипи од секоја група ќе изборат пласман во Топ 16. Во Топ 16 фазата, за разлика од претходните сезони ќе бидат формирани две групи со по осум тима, од кои по четири од двете групи ќе изборат пласман во четвртфиналето. 

Според прогнозите најголеми шанси за освојување на титулата има ЦСКА Москва, а потоа следуваат Барселона, Реал, Фенербахче, Ефес, Олимпијакос и Макаби. 

Четврток, 11. октомври:
Група А:
Фенербахче-Химки
Канту-Олимпија

Група Б:
Шалон-Проком
Уникаха-Макаби

Група Ц:
Жалгирис-Цедевита
Олимпијакос-Каха Лаборал

Група Д:
ЦСКА-Лијетувас Ритас

Петок, 12. октомври

Група А:
Реал-Панатинаикос

Група Б: 
Монтепаски-Алба

Група Ц:
Армани-Анадолу Ефес

Група Д:
Барселона-Бамберг
Бешикташ-Партизан.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: