Марфиеви закони за се останато

Loading...

На секој од нас секојдневието му е исполнето случувајќи му се по некоја ситуација, ситуација која секогаш кога ќе се случи едноставно помислуваме и си велиме абе Марфи, Марфи. 

Прочитајте неколку од ''секојдневните''  марфиеви закони.

–          Хаосот секогаш победува, бидејќи е подобро организиран.

–          Банкарска аксиома: Личноста пред тебе во редицата ја има најкомплексаната можна трансакција.

–          Закон за полирање на прозорци: Дамката е секогаш од другата страна.

–          Документот што го барате е секогаш на дното од најголемото купче.

–          Кога ќе ја видите светлината на крајот од тунелот…тунелот ќе се затрупа.

–          Расположи се најлошото допрва доаѓа.

–          Секој пат кога ќе оставите некој предмет на ’’сигурно’’, никогаш повеќе нема да го видите.

–          Сервисерот никогаш до сега не видел модел баш како вашиот.

–          Возилото што се наоѓа пред тебе секогаш се движи поспоро.

–          Марфи бил оптимист.

–          Идеалниот кандидат се јавува еден ден по вработувањето на просечниот.

–          Гаранцијата за квалитет ништо не гарантира.

–          Кој живее најблиску, доаѓа последен.

–          Јачината на чешањето е обратно пропорционално од можноста да го дофатиш местото кое те чеша.

–          Ако се чувствуваш добро – не грижи се ќе ти помине.

–          Смешкај се – утре ќе биде полошо

 

Погледнете ги следниве статии: 

Марфиеви закони на љубовта

Алкохолна пица: Да, таа постои!

За сите љубители на Nutella

 

 

loading...
Loading...