петок, 13 ноември 2026
Најново

Ромни го зголеми водството пред Обама

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Републиканскиот кандидат за американски претседател Мит Ромни ја зголеми предноста за три отсто пред актуелниот претседател од редовите на демократите Барак Обама.

Ова го покажуваат резултатите што во четвртокот доцна навечер ги објави агенција Reuters за која секојдневно испитување на јавното мнение за рајтинзите на двајцата претседателски кандидати за изборите што ќе се одржат на 6-ти ноември ги спроведува институтот Ipsos.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Така, на помалку од еден месец од одржувањето на американските претседателски избори, републиканецот Мит Роми ја ума поддршката на 47 отсто од избирачкото тело, додека демократот Барак Обама ужива поддршка на 44 проценти од регистрираните гласачи.

Ромни прејде во водство во анкетите откако беше убедлив победник во минатонеделното телевизиско соочување во Денвер, првото од трите што ќе се одржат до 22-ри октомври.

Ова се најдобрите моменти во изборната кампања на Мит Ромни, којашто започна многу бледо и со многу гафови и напади дека ја крие својата даночна пријава.

Макфакс

Поврзани вести