Принцезата Дајана била убиена во возилото на итната помош?

„Дајана е убиена во возилото на итната помош“ гласи насловната страница на американскиот таблоид Globe од четвртокот којшто тврди дека поседува нови докази за смртта на британската принцеза.

Иако поминаа 15 години од смртта на Лејди Ди, сé уште има многу шпекулации за заговор против поранешната сопруга на принцот Чарлс, во коишто обично е вклучено британското кралско семејство и тајната служба.

Последната афера ја лансира магазинот Globe којшто тврди дека принцезата е ликвидирана во возилото на итната помош додека ја превезувале во болница.

Магазинот ја негира официјалната верзија според која ни Дајана, ниту нејзиниот партнер Доди Ал Фајед не биле врзани со безбедносни појаси во моментот на сообраќајната несреќа.

Според магазинот, принцезата го преживеала судирот во парискиот тунел, но подоцна била убиена во амбулантното возило.

„Глоуб“ тврди дека има докази кои ја потврдуваат тезата за убиството и кои еднаш засекогаш ќе ја решат мистеријата за смртта на Дајана.

Принцезата Дајана загина во сообраќјка во парискиот тунел Алма, на 31-ви август 1997 година.

Според официјалната верзија, до несреќата дошло кога автомобилот во кој се наоѓала со нејзиниот партнер Ал Фајед удрил во ѕидот на тунелот во центарот на Париз.

Дајана загина на 36 години.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: