4 намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

Доколку понекогаш или честопати имате проблеми со желудникот и дигестијата, обидете се да одбегнувате консумирање на овие 4 намирници на празен стомак.
Сиров зеленчук


Сировиот зеленчук е здрав и богат со витамин и минерали. Сепак, тој не се препорачува за појадок бидејќи е вистински предизвик за вашата дигестија, особено кога го консумирате на гладно.
Јогурт


Ако имате чувствителен желудник, појадокот кој вклучува јогурт би можел да биде тежок за вас. Имено, јогуртот содржи здрави млечни бактерии кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празниот желудник ги уништува со својата киселина. Што помага? Доволно е да изедете малку јаткасти плодови, парче авокадо или неколку лажички овесни снегулки за вашиот желудник да не биде празен.
Банана


Бананата на празен желудник го подигнува нивото на шеќер во крвта, но исто така тоа ниво многу брзо опаѓа. Како резултат на тоа може да дојде до нагол напад на глад во текот на денот.
Цитруси
Чаша свежо цеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен стомак може да предизвика желудочен рефлукс. Единствен исклучок е вода помешана со лимон бидејќи лимоновиот сок на тој начин е доволно разреден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.