4 модели на салонки кои секоја жена треба да ги поседува

Класичните салонки се сметаат за безвременски модели на чевли, од бројни причини.Силуетата која го следи обликот на стопалата, висината на потпетицата и самиот пад на чевлата се само дел од деталите што визуелно Ве издолжуваат и Ве прават да изгледате поатрактивно. Покрај тоа, познато е дека овие “убавици” ја подигнуваат самодовербата на секоја жена. 
Сè до денес, салонките се и понатаму модел на чевли во кои дамите најмногу веруваат бидејќи тие, од сезона во сезона, добиваат редизајн кој секогаш доаѓа во ново, освежено издание.
Во продолжение, Ви претставуваме четири модели на салонки кои треба да ги поседувате барем во претстојната сезона.
Класични салонки
Овој моќен пар чевли има фантастична силуета, одличен дизајн и висок сјај, а во него секогаш ќе изгледате софистицирано и секси.
Во зависност од стилот, можете да бирате помеѓу различните модели на класични салони, од дебелина и висина на потпетицата па сè до самата положба на која е таа поставена.

Салонки од антилоп
Салонките кои се изработени од антилоп кожа изгледаат неверојатно нежно, но и елегантно. Благодарение на богатата понуда, можете да бирате различни модели: од неутрални нијанси до впечатливи бои и дезени.

Салонки со платформа
Доколку високите потпетици не Ви се доволни, тогаш одберете модели со платформа.
Тие на одличен начин ќе додадат неколку центиметри повеќе, а во зависност од Вашиот стил, можете да се одлучите за салонки со висока и јасно истакната платформа или за салонки со прикриена платформа.

Салонки со ременче околу глуждот
Освен што одлично го држат стопалото и се удобни и стабилни, салонките кои имаат ременче околу глуждот претставуваат идеален избор доколку сакате да постигнете софистициран изглед, но во истовреме да бидете и нежни и заводливи.
Силуетата која го следи обликот на стопалата, висината на потпетицата и самиот пад на чевлата се само дел од деталите што визуелно Ве издолжуваат и

Пронајдете не на следниве мрежи: