Најдобрите ресторани во светот

Вкус и квалитет…погледнете ја листата на најдобрите ресторани во светот, каде што сигурно би посакале да имате барем еден оброк…

1.       Noma

Копенхаген – Данска

Минатогодишна позиција: 1

Некогашен магацин на пристаништата на Копенхаген, ресторанот Noma на Rene Redzepiденес претставува еден од најсофистицираните ресторани во Европа и во светот. Со својата иновативност во готвењето Noma успеа да ја смени перцепцијата на гостите за Нордиската кујна. Се работи за ресторан со извонредно педигре, каде страста на готвењето се чувствува во секој залак.

2.       El Celler de Can Roca

Жирона – Шпанија

Минатогодишна позиција: 2

Тројцата Roca браќа се концентрираат храната во ресторанот El Celler de Can Rocaда биде интересна, несекојдневна (на масите се носат карамелизирани маслинки на бонсаи дрва), но сепак гостопримливоста на браќата Roca се чувствува при самиот влез во ресторанот. Состојките кои се карактеристични за Каталонија имаат централно место во готвењето во овој ресторан.

3.       Mugaritz

Ерентериа – Шпанија

Минатогодишна позиција: 3

Mugaritz е место кадешто луѓето одат за да ги срушат сите свои претходни концепции и предрасуди за храна. Andoni Luis Adurizи неговите помошници се погрижиле да создадат ресторан кој претставува вистински целосен пакет – одлична атмосфера и интересно приготвена и вкусна храна кои резултираат со незаборавно искуство.

4.       D.O.M

Сао Пауло – Бразил

Минатогодишна позиција: 7

Alex Atala е на мисија да ја промовира и развие бразилската кујна. Навистина не можете да замислите какви специјалитети се нудат во овој ресторан – состојките кои се користат се од целиот свет – како од Европа, така од дождовните шуми од Амазон. Ова е најелитниот ресторан во најголемиот град на јужната хемисфера, а со оглед на работата која ја покажува во изминатите неколку години, не би било чудно наскоро да се искачи на самиот врв меѓу светските ресторани.

5.       Osteria Francescana

Модена – Италија

Минатогодишна позиција: 4

Мал е бројот на кулинарските мајстори кои успеваат да ја избалансираат традицијата и модернизмот во храната толку ефективно како што тоа го прави Massimo Bottura. Често оброците во Osteria Francescana почнуваат со многу едноставни јадења, но до крајот на вечерата преоѓаат во незамисливо комплицирани специјалитети. И покрај своето реноме и статусот што овој ресторан го ужива, би се изненадиле колку неговиот изглед укажува на неформално и не премногу скапо место.

6.Per se

Њујорк – САД

Минатогодишна позиција: 10

Постојаната еволуција на ресторанот на Thomas Keller е основното нешто што ја собира Њујоршката елита во ова место кое го надгледува Central Park. Услугата, винските карти и луксузниот ентериер на ресторанот се градени според ригорозни стандарди, а околу храната која ќе ја пробате овде постои цела филозофија на готвење.

7.       Alinea

Чикаго – САД

Минатогодишна позиција:6

Можеби овој ресторан изгледа како типичен ресторан од иднината, но, за среќа, имаме можност да јадеме таму и сега.  Главниот готвач, господинот Grant Achatz, има осмислено сосема ново искуство за гостите. Некои од специјалитетите се служат директно на масите, храната е несекојдневна (се користат разни видови на пена, гел, прашоци и сл.) – а сето ова се служи во најмодерен ентериер. Извонреден човек за извонреден ресторан!

8.       Arzak

Сан Себастијан – Шпанија

Минатогодишна позиција: 8

Филозофијата на таткото и ќерката Juan Mari и Elena e едноставна – ја земаат добрата, традиционална шпанска храна, и ја издигаат на нови нивоа во смисла на вкус и квалитет, притоа правејќи искуство кое ги активира сите сетила. Своите кулинарски темели овој ресторан ги поставува на баскијската кујна.

9.       Dinner by Heston Blumenthal

Лондон, Англија

Минатогодишна позиција: /

Концептот во овој ресторан се базира на оживување на старите британски рецепти уште од 14-тиот век па наваму, од страна на Blumenthal и главниот готвач Ashley Palmer –Watts.
Во овој ресторан секогаш се работи за извонреден вкус и врвна услуга. Можеме да бидеме сигурни дека благодарение на Dinner, старите британски рецепти никогаш повеќе нема да ги снема од видикот на љубителите на добрата храна.

10.   Eleven Madison Park

Њујорк, САД

Минатогодишна позиција: 24

Готвачот Daniel Hummи менаџерот Will Guidara сега се сосопственици на ова фантастично место, кое направи директен скок од една на три Michelin ѕвезди, и заслужено оваа година го слави својот влез во првите 10 ресторани во светот. Партнерите го планираа секој чекор во оваа значајна авантура. Eleven Madison Park нуди динамично искуство кое во својата есенција го има нескротливиот карактер на Њујорк.

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Snoopy во киносалите

Најскапиот коктел во светот

Музеј на сексот во New York 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: