Секоја една жена е опседната со модата, со својата гардероба,чевли и накит.Не ретко, жените буквално ставаат се на себе,за да изгледаат убаво и тренди, без оглед на тоа дали тоа им стои или не. Токму тоа е најголемата заблуда за модата,треба да го носиме она што ни одговара, а не она кое е модерно. Можеби баш она кое е модерно нас и не ни стои толку добро . Не треба да бидеме слепи следбеници на модата што доаѓа кај нас .Секогаш треба да го носиме она во кое се чувствуваваме удобно и убаво .Во однос на модните трендови за оваа есен, пред се задолжително е во нашиот плакар да имаме убав и топол капут, тренди е црвената и кафената боја .Секако тука се и фармерките неизбежно, еден пар во потемна нијанса на тексас,неколку кошули со интересен дезен, задолжително да имаме плетени работи, тоа е ин оваа сезона,убави долги блузи во боја на кајсија,мед и белата боја е секако ин,дава свежина во денот .Актуелно е секако крзното,задолжително набавете си елече со крзно или некој моден детал,ке изгледате ултра модерно. И секако чевлите се најголема страст на дамите,оваа сезона актуелни се повторно на полна пета,чизми со додаток од крзно повторно и секако тие мора да бидат на многу висока потпетица .
Обидете се да следите некое од овие примери за модни трендови и ке бидете ин во текот на есента.
Пронајдете не на следниве мрежи: