Драган Паравиња осуден на 40 години затвор за убиство на Антонија Билиќ

Loading...

Драган Паравиња е виновен за киднапирање и убиство на 17-годишната Антонија Билиќ, одлучи Жупанискиот суд во Шибеник, јавија хрватските медиуми.
Осуден е на 40 години затворска казна, а за време на изрекувањето на пресудата Паравиња гласно негодувал. Тој е осуден на единствена казна од 40 години затвор, а поединечно за убиството на Антонија доби 35 години, и шест години за киднапирањето. Антонија Билиќ последен пат е видена на 7 јуни 2011 година, од кога и се губи секоја трага. Нејзиното семејство се уште верува дека таа исчезнала, но дека не е убиена. Во текот на судењето се очекуваше  Паравиња да открие детали од убиството, како и местото каде се наоѓа нејзиното тело, но тоа не се случи. Семејството на Антонија вети дека ќе му прости, ако каже што се случило, но тој тоа не го направи. Антонија на 7 јуни лани, околу 8.30 часот, излегла од дома, во селото Кричка кај Дрниш, Хрватска, и се упатила кон Чиколскиот мост и стопирала кон Сплит. Тука околу 10 часот е видена како влегува во камион. Сигналот од мобилниот телефон на исчезнатата девојка е забележан  последен пат на денот на исчезнувањето околу 15.40 часот кај Карловац. Телото никогаш не е пронајдено, иако во потрагата учествуваа илјади полицајци и граѓани, а беа исушени и неколку мали езерца. Паравиња е познат напаѓач и претходно во БиХ е осуден на две години и 10 месеци за силување девојка во Јахорина, во 2007 година, додека за силување го бара и Србија.
Макфакс

loading...
Loading...