Уште 170 кгр дрога запленети на албанско-грчката граница

По запленетите 167 килограми марихуана во петокот наутро во близина на Игуменица, на грчката страна на албанско-грчката граница, на албанска територија попладнето , полицијата заплени уште 170 килограми марихуана.
На патниот правец Ѓирокрасто – Врисер, во близина на албанско-грчката граница, при претрес на комби возило со регистарски ознаки на Велика Британија во шест ранци се откриени вкупно 170 килограми дрога. И ова количество марихуана била наменета за нарко пазарот во соседна Грција. Притоа, во акцијата на полицијата уапсени се двајца албански државјани Полицијата се сомнева дека и ова големо количество марихуана, како и она утрово запленето кај Игуменица, е произведено во Албанија.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: