За Јувентус дербито на непоразените, Милан потопен во Рим

 

Италијанскиот фудбалски првак Јувентус во Торино со 2:0 го доби дербито против Наполи на Горан Пандев на досега непоразените екипи во сезоната, додека Милан загуби на гостувањето на римски „Олипмико” од Лацио со 2:3.

Иако Наполи испеа до 80 минута да одржува 0:0, притоа и имајќи поизразена шанса преку пречката на Кавани од слободен удар во првото полувреме, и така до тој момент да остане рамо до рамо до Јувентус со 19 бодови од седум натпревари, „Старата дама” за само две минути успеа да докаже дека во моментов е неприкосновена екипа во италијанското калчо. Стрелци беа Мартин Касерес во 80 минута кога беше прецизно пронајден од корнер што го изведе Андреа Пирло, а потоа во 82-та еден прецизен волеј на Прогба од околу 20-ина метри.
Јувентус, така, од можни 24 бодови собра 22 (седум победи и едно реми) продолжувајќи ја серијата без првенствен пораз од целиот лански шампионат. Наполи остана на 19 бодови со првиот пораз сезонава и на второ место, но сега со бод повеќе од третиот Лацио кој го совлада Милан.
По речиси час супериорна игра на „Олимпико” кога Лацио водеше со 3:0, со головите на Хернанес во 24, Кандрева во 41 и Клосе во 49-та минута, мечот влезе во неизвесна завршница откако „росонерите” преки Јонг во 61-та минута намалија на 1:3, а потоа и Ел Шаравеј во 78-та намали на 2:3. Сепак, Милан не испеа да дојде до бод и продолжи со тонењето на првенствената табела, сега е 11-ти со само седум бодови.
 
Макфакс
извор: Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: