Извлечени групите за завршниот турнир во ВТА конкуренцијата

Loading...

Истанбул, односно мултифункционалната сала „Синан Ердем“ ќе биде домаќин на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во светот.
За 42-то издание на завршниот ВТА турнир во сезоната, тенисерките се поделени во две групи – Црвена и Бела. Во Црвената група ќе играат Викторија Азаренка (1.), Серена Вилијамс (3.), Анжелик Кербер (5.) и На Ли (8.), во белата група се: Марија Шарапова (2.), Агњешка Радванска (4.), Петра Квитова (6.) и Сара Ерани (7.). Дебитантки на завршниот турнир во ВТА конкуренцијата се Кербер и Ерани, додека Квитова ќе ја брани титулата освоена минатата година. Покрај Квитова победи на завршните турнири имаат уште Серена (две) и Шарапова (една). Турнирот ќе се игра од 23 до 28 октомври, а наградниот фонд изнесува 4.9 милиони долари.
Макфакс

loading...
Loading...