Најконтраверзниот уметник на сите времиња – Салвадор Дали

Салвадор Дали, шпански сликар и протагонист на надреализмот. Роден е на 11 мај, 1904 година, во Шпанија. 
Уметник познат по својата впечатлива комбинација на бизарните и халуцинантни претстави, со неверојатна дарба за умешност. Со огромна имагинација, склоност кон правење на необични нешта и дела се со цел привлекување на туѓото внимание, Дали слободно може да го наречеме еден од најекцентричните уметници на сите времиња.
Цртежи и дела изведени до перфекција, дела со кои подоцна овој уметник ќе предизвика големо влијание врз низата на останати уметници од целиот свет.
Во продолжение прочитајте и уживајте со дел од цитатите и уметнички дела на легендарниот шпански сликар.
„Рајот не е горе на небото, туку во срцето на човекот.“
„Кога жената на мажот му купува кошула, тогаш таа е заљубена во него. Кога ја пегла, тоа значи дека е мажена. Ако пак, за време на пеглањето пее, тогаш таа е и едното и другото.“
„Интелигенција без амбиција е птица без крилја.“
„Постојат денови кога помислувам дека ќе умрам од предозирање со задоволство.“
„Има само една разлика помеѓу мене и луд човек. Лудиот мисли дека е нормален, јас знам дека сум луд.“
„Надреализам, тоа сум јас.“
„Скромноста не е мојата најголема доблест.“
„Не мачете се да бидете модерни. За жал, тоа е нешто, кое што и да правите, не можете да го избегнете.“
„Разликата помеѓу лажните и вистинските сеќавања е иста како кај накитот. Оној што изгледа најреално, најбрилијантно, секогаш е лажен.“
„На шест години сакав да бидам готвач, на седум Наполеон. Оттогаш мојата амбиција постојано расте.“
„Ми се допаѓа вкусот на парите. Тој не е ништо помалку од мистицизам. Парите се слава.“
„Јас не сум чуден. Јас само не сум нормален.“
Погледнете ги следниве статии
Изложба на човечки тела и органи
Пабло Неруда – Творецот на најтажните љубовни стихови
Слика на Рихтер на аукција продадена по рекордна цена
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: