Зошто Мурињо секогаш седи на седиштето 10Д?

На секое патување на Реал Мадрид, португалскиот стратег Жозе Мурињо седи само на едно исто седише. Ова е дел од неговите мини ритуали.

Шпанска „Марка“ пренесува дека оваа комбинација на број и буква има посебна симболика за Мурињо. Наводно се работи за основната цел на Жозе Мурињо во оваа сезона која си ја поставил Португалецот, а тоа е освојување на трофејот од Лигата на шампионите.
Според пишувањат на „Марка“, со оглед на тоа дека евентуалното освојување на европскиот клубски трон ќе биде десетти за Реал Мадрид, Мурињо го одбрал седиштето со број 10, а и буквата Д го симболизира истото, буквата Д е ,,decima'' што на шпански значи десет. Токму на ова седиште со број 10Д Мурињо денес ќе отпатува за Дортмунд каде што неговите играчи утре ќе ги одмерат силите против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
преземено од Курир

Пронајдете не на следниве мрежи: