Реклама со Натали Портман за Dior забранета

Рекламата за новата маскара на Диор, во која се појавува Натали Портман е забранета поради тоа што надлежните сметаат дека жените ќе добијат погрешна претстава за можностите на маскарата. 

Рекламата во која се појавува актерката, која освои оскар во 2010 година за најдобра женска улога во филмот “Црниот лебед”, ја побија конкурентите Лореал, истакнувајќи дека фотографијата премногу ги нагласува трепките на актерката.

Од Диор тврдат дека ретуширањето на плакатот е минимално и дека ефектот може да се добие со користење на нивната нова нано четкичка. 

Сепак, надлежните од агенцијата за која се бави со стандардизирање на рекламите ја забранија оваа реклама. “Ние навистина не го приметивме ефектот на производот на примерот на трепките на глумицата Натали Портман. Бидејќи не најдовме доволно докази дека ретуширањето на нејзините трепки не е претерано, заклучивме дека оваа реклама може лесно да ги залаже купувачте” – истакнаа од агенцијата во соопштнието. 

Од Диор соопштија дека не примиле никакви поплаки за оваа маскара од потрошувачите.

Поврзани статии:

5 фризури кои секогаш ќе бидат во тренд

Make up трендови за оваа зима

Zara фустани за оваа зимска сезона

 

Пронајдете не на следниве мрежи: