Благодарение на Олимписките игри Велика Британија излегла од рецесија

Loading...

Британската економија излегла од рецесија со помош на Олимписките игри, соопшти во четврток Канцеларијата за национална статистика.
Во соопштението се наведува дека британската економија забележала раст од еден отсто, а дека продажбата на влезници за спортските случувања на Олимписките игри додала 0,2 отсто бодови на наведените бројки. Целата продажба од Олимписките игри и подоцна од Параолимпијадата пресметана е во податоците за бруто домашен производ во периодот од јули до септември. Британската економија беше во рецесија претходните девет месеци и се уште не се воспоставени нивоа на извоз какви што беа пред избивањето на финансиската криза во 2008 година.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Yahoo му презеде на Google уште еден извршен директор
Штрајк во фабрика за делови на Епл во Кина 
Кинеска компанија го тужи американскиот претседател Обама
 
 
 
 

loading...
Loading...