Кога Jessica Biel се омажи за Justin Timberlake, одржувајќи една фантастична италијанска венчавка на 19ти октомври, таа ја скрши традицијата и носеше прекрасен, но не бел, венчален фустан од Giambattista Valli.
Со надеж дека потегот на Jessica Biel ќе ги инспирира и другите да се оттргнат од тие стеги на традицијата и ќе почнат да експериментираат со повеќе бои, ви претставуваме уште неколку славни личности кои пред Biel постапиле исто.
Anne Hathaway се омажи за Adam Shulman во специјално направен розов фустан од Valentino во 2012 година.
Cynthia Nixon носеше зелен фустан од Carolina Herrera на нејзината венчавка со Christine Marinoni.
Reese Witherspoon минатата година се венчаше со Jim Toth. Таа носеше розов фустан.
Погледнете како изгледаше Gwen Stefani пред 10 години, на нејзината венчавка во 2002 година.
Еве пример дека и класичните убавици од минатото знаеле да побегнат од традицијата. Elizabeth Taylor носеше жолт фустан (го гледате на сликата) на својата прва венчавка со Richard Burton во 1964. Тие подоцна се разведоа, па се смирија. На втората венчавка, во 1975, Taylor носеше зелен фустан.
Меѓу другите кои би можеле да ги спомнеме овде се и Sarah Jessica Parker, Dita von Teese, Kelis и многу други. Белата боја ја губи својата доминација во венчалните фустани.
Погледнете ги и следниве статии:
Zara фустани за оваа зимска сезона
Есенски модни комбинации
Нова колекција на Adidas Originals
Пронајдете не на следниве мрежи: