Иако голем дел од луѓето го преферираат летото за патување, сепак зимата носи своја магија. Покрај божиќните маркети, многу градови изгледаат прекрасно во зима.
1 – Копенхаген, Данска
Кога ќе го посетите градот на hygge ( данскиот концепт за пријатно живеење) ќе се заљубите ов зимската магија и боите на овој град. Целиот концепт е присутен во хотелите, кафулињата и генерално сите места кои ќе ги посетите.
2 – Халстат, Австрија
Ако сте присутни на социјалните мрежи и љубители на патувањата, тогаш сигурно сте забележале некоја од преубавите фотографии од овој град/селце. Градот овозможува посета на цркви изградени во 12 век, убави ресторани и пазари со зимскиот шарм на Австрија.
3 – Берлин, Германија
Германија е позната по своите божиќни маркети за време на празниците, а Берлин има 60 од нив. Освен тоа, тој нуди и богата клупска сцена, но и кафулиња и историски места кои можат да ве освојат.
4 – Будимпешта, Унгарија
Зимата е најубав период за посета на Будимпешта. Мразот на Дунав, убавите кафулиња, спа бањи и историските места се одлични за посета во текот на зимските денови.
5 – Виена, Австрија
Виена е изгласана за најдобар град во Европа за 2018 година и оваа титула и припаѓа без оглед на годишното време. Но, оваа австриска престолнина е особено убава во текот на зимата кога можете да уживате во преубавите десерти, топло чоколадо и да уживате во надворешните концерти.