5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролет

Постојат многу модели на обувки што се совршени за пролетта, но изгледа дека никој не може да им одолее на балетанките. Бидејќи се удобни и практични, тие се погодни за секоја прилика. Доколку и вам балетанките ви се омилените обувки, сигурно ќе ги посакате овие модели.
1. Светло розова боја


Оваа нијанса е нежна, привлечна и женствена, па е неизоставен дел од пролетната сезона. Покрај тоа, ова е една од најпопуларните бои во светот, па без проблем ќе ја најдете на обувки, но и на секакви парчиња облека. Балетанките со оваа боја лесно се комбинираат со други нијанси и сигурно ќе го освежат вашиот изглед.

2. Животински принт


Можеби го сакате, а можеби и не, но животинскиот принт секогаш е популарен. Можете да го сретнете на разни парчиња облека, додатоци, како и на балетанки. Доколку одберете балетанки со ваков принт, најдобро ќе биде остатокот од облеката да биде без дезен.
3. Живи бои


Доколку сте храбри, балетанките со живи бои се одлични за вас. Можеби една од најдобрите бои е црвената, а со неа сигурно нема да останете незабележани. Со црвени балетанки можете секоја обична комбинација да ја претворите во нешто извонредно.
4. Металик боја


За да го однесете вашиот стил на ново ниво, не ви се потребни многу работи. Можете да го постигнете тоа со само неколку додатоци со металик боја. Балетанките со оваа нијанса се едноставни, а истовремено се впечатливи. Покрај тоа, тие визуелно ќе ги издолжат вашите нозе.
5. Цветен дезен


Цветниот дезен е можеби најпопуларниот на светот, без разлика за која сезона станува збор. Се разбира, најчесто го гледаме во пролет и лето, а доколку ви се допаѓа можете да го носите и на нозете. Балетанките со цветен дезен изгледаат шармантно, привлечно и модерно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.