5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој ден

Ако сте како повеќето луѓе, на крајот на напорниот ден сигурно повеќе сакате да се релаксирате со некој филм наместо да вежбате. Ако сте во тек со вестите за здравјето, сигурно веќе знаете дека бројни истражувања покажале дека физичката активност е еден од најдобрите начини да се грижите за вас.
5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој ден
Од намалување на ризикот за болести на срцето до подобрување на менталното здравје, јасно е дека редовното вежбање навистина прави чуда за вашето здравје. Па, како да останете активни кога едвај имате време да подготвите вечера или да се опуштите? Овие нешта нема да ви одземат многу време, но ќе ви помогнат да бидете активни секој ден.
1. Танцувајте
Танцувањето на омилените хитови не само што е забавно, туку е одличен вид вежбање. Ако уживате во танцувањето излезете во некоја дискотека или почнете да посетувате часови за танцување. Нема потреба да се присилувате да правите нешто што не го сакате кога можете да вежбате со активност во која навистина уживате.


2. Забавувајте се со партнерот
Да бидете активни не значи дека треба да го замените задоволството со болка. Ако не сакате да посетувате теретана, можете да го замените вежбањето со секс. Истражување од 2013-та година покажало дека сексот навистина може да се гледа како вежбање. Во истражувањето учествувале 21 млад пар и се споредувало количеството енергија што го трошеле во 30-минутно вежбање и енергијата што ја трошеле за време на секс. Резултатите покажале дека сексот понекогаш може да се смета за многу добра физичка вежба.
3. Симнете се една станица порано
Едноставен начин да вметнете малку активност во секојдневниот живот е да пешачите повеќе од вообичаено. Ако најчесто патувате со јавен превоз, симнете се од автобусот една станица порано. Ако користите автомобил, секогаш можете да се паркирате малку подалеку. Ако врне ќе бидете присилени да одите побрзо, а ова е уште подобро за вас.


4. Одете во супер маркет
Носењето на кесите од вашиот шопинг исто така може да се смета како еден вид вежбање. Дури и наједноставното купување, транспортирање и средување на намирниците може да ве активира.
5. Заборавете на доставата на храна
Денес е навистина лесно да порачате храна што ќе ви ја донесат дома. Наместо да чекате достава, отидете и сами подигнете ја нарачката. Најдоброто е што не мора да одите премногу далеку. Едно истражување покажало дека дури и само една минута физичка активност има позитивно влијание на вашето здравје. Сигурно можете да одвоите барем толку време за пешачење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.